Има за цел да придонесе за младите одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на трудот со акцент на туризмот и културното наследство.
✅ Влогот во едукација на младите луѓе е влог во сите нас!
Обука каде младите ќе можат да научат за основите на кариерен развој со цел самостојно да се профилираат и да стекнат знаење за правилно кариерно остварување.
Обука со која младите ќе се стекнат со основни познавања за претприемништвото, и преку која ќе се разбудат иновативноста и креативноста кај младите со цел во иднина, нивната идеа да ја оформат во бизнис.
Обука преку која етапно ќе се изучат сите сегменти на проектен циклус со цел младите да се стекнат со знаење и можности подобро менаџирање за своите лични и професионални потреби.
Обука која ќе ви овозможи да ги развиете досегашните и да се стекнете со нови вештини со цел да го зајакнете вашиот личен и кариерен развој.
Промотивен штанд кој има цел да ја промовира и информира јавноста за потенцијалите на Преспа
Место кое ќе ја изнесе убавината и автентичноста на Преспа на својот излог!
Промотивен штанд наменет за вршење на реклама, промоција и маркетинг на Преспа.
Штандот ќе биде изложен на места каде ќе има најголема концентрација на јавноста, како што се: фестивали, концерти, спортски и културни настани.
Глина со техника грнчарство
Магнети
Репрезeнтивни бардиња
Решавањето на овој проблем е од голема важност за локалната заедница бидејќи младите луѓе од Преспа, поради неможноста да се истакнат и продуктивно да се изразат, често заминуваат во поголемите градови што значително влијае на квалитетот на целокупниот живот во Преспа, на наталитетот, старосната граница и локалната економија.
Податоците покажуваат дека младите луѓе во Преспа немаат соодветни компетенции и вештини за потребите од пазарот на трудот, истотака имаат недоволни познавања за претприемничките потенцијали на туризмот во Преспа и со реализирање на ваков проект сметаме дека ќе се подобри состојбата на младите луѓе во Преспанскиот регион.
1. Подигнати капацитети на 15 млади лица за градење на нивните вештини и компетенции кои ќе бидат прилагодени за потребите на пазарот на трудот со поставен акцент на туризмот и културното наследство.
2. Зголемена вклученост на младите луѓе во креирање на нови локални политики за вработување, самовработување и развој на туризмот.