Изработката на автентични сувенири има за цел да ја промовира и визуелно ја прикаже Преспа, што не се случува веќе 30 години. Исто така, оваа иницијатива ја поддржува работата на локалните занаетчии кои се вклучени во изработката на сувенирите.
Секој од овие автентични сувенири има своја приказна, која не може да се опише со зборови.
Овие сувенири не само што го оддржуваат целокупното културно наследство на Преспа, туку им помагаат и ги промовираат локалните занаетчии и нивните врвни мајсторства.
Репрезeнтивните бардиња претставуваат само еден дел од креативната уметност на локалните занаетчии од Преспа.
💫 "Приказна за Преспа, која не може да се опише со зборови"